Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одржа редовна координација на која, во согласност со воспоставената пракса во неговите мандати, се покануваат координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии претставени во Собранието.
Една од точките на дневниот ред беше и претставувањето на договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д пред пратениците во Собранието.
„Со оглед на тоа што договорот е класифициран, односно само пратениците што се носители на безбедносен сертификат имаат увид во неговата содржина, договорот ќе се разгледува на седница на комисија, која ќе биде затворена за јавноста и на неа ќе присуствуваат само пратениците што имаат безбедносни сертификати“, велат од Собранието.
Ставот на присутните на координацијата е дека со оглед на тоа што иницијативата е на опозицијата, а таа не присуствува на координација; опозицијата да предложи надлежно тело за разгледување на договорот до претседателот и да определи датум кога ќе се разгледа договорот. Веднаш по отворањето на комисиската седница, пратениците ќе се изјаснат за затворање на седницата за јавноста.