3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Неочекуван пад на економската активност во април

Кина: Неочекуван пад на економската активност во април

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во Кина падна на 49,2 поени во април од 51,9 поени во март, објави Националното биро за статистика на Кина.

Овој резултат не е во согласност со претходните очекувања на пазарот, кој предвидуваше благ пад на PMI, на 51,4 поени, пренесува CNN.

PMI е параметар кој се користи како показател за економската активност, а резултатот под 50 укажува дека економијата е во состојба на контракција, односно пад на економската активност.

Ова е најголем пад на економската активност од декември, кога PMI беше забележан на 47 поени.

Производството во април е зголемено за 50,2 поени, што е помалку од мартовските 54,6, а намален е и бројот на нови нарачки – 48,8 во однос на мартовските 53,6 поени.

Новите извозни нарачки паднаа на 47,6 поени од мартските 50,4.

Глобалната побарувачка е мала, па затоа некои извозници се принудени да ги замрзнат дополнителните инвестиции.

Кинеската економија порасна побрзо од очекуваното во првиот квартал поради силната потрошувачка во услужниот сектор, но фабричкото производство заостануваше зад овие резултати поради слабиот глобален економски раст, се заклучува во анализата на Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП