3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСателитските снимки од воената база на Крим ги збунија експертите(ВИДЕО)

Сателитските снимки од воената база на Крим ги збунија експертите(ВИДЕО)

На 11 јануари, складиштето изгледаше дека е полно со тенкови, оклопни возила и друга опрема. Но, веќе на 27 март просторот беше целосно празен.

Крим е стратешки исклучително важна територија на Црното Море – и за Украина и за Русија. Новите сателитски снимки го покажуваат движењето на руските сили во областа.

На видеото се гледа дека руските борци целосно испразниле воен магацин на северот на Крим.

На 11 јануари оваа година, магацинот изгледаше дека е полн со тенкови, оклопни возила и друга опрема, но кусо потоа изгледаше како таму да има многу малку возила и опрема, а до 27 март просторот беше целосно празен, што целосно ги збуни воените експерти, пишува „Јутарњи“.

Објектот се наоѓа во близина на селото Медведивка, недалеку од границата со Херсон, во јужна Украина.

Засега нема информации дали празнењето на овој магацин значи зголемување пред очекуваната украинска офанзива или пак опремата е префрлена во некоја од првите линии како Бахмут или Вухледар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП