29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработеноста во ЕУ продолжува да расте (ИНФОГРАФИК)

Вработеноста во ЕУ продолжува да расте (ИНФОГРАФИК)

75% е учеството на вработените меѓу работоспособното население (лица на возраст од 20 до 64 години) во Европската унија (ЕУ) во 2022-ра година.

Ова е највисокото ниво на вработеност од 2009-та година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Еуростат.

Пазарот на трудот во ЕУ беше погоден од ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирусот, поради која стапката на вработеност падна на 72% во 2020-та година, пред да се зголеми на 73% во 2021-ва година.

Во 2022-ра година, 11 од земјите на ЕУ постигнале стапка на вработеност од над 78%. Лидери се Холандија (82,9 отсто), Шведска (82,2 отсто) и Естонија (81,9 отсто). На дното на табелата се Романија (68,5 отсто), Грција (66,3 отсто) и Италија (64,8 отсто).

Во 2022-ра година, 22% од вработените на работоспособна возраст во земјите на ЕУ имале повисока квалификација од условите за работното место. Жените сочинувале 23% од оваа категорија работници, а мажите – 21%.

Меѓу сите земји на ЕУ, овој показател е највисок во Шпанија (35,9%), потоа Грција (32,4%) и Кипар (31,8%).

Најмалку застапени се преквалификуваните работници во Луксембург (6,8%), Шведска (13,6%) и Данска (14,3%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП