27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street: Microsoft добитник на денот, Dow Jones и S&P 500 паѓаат

Wall Street: Microsoft добитник на денот, Dow Jones и S&P 500 паѓаат

Dow Jones и S&P 500 паднаа втор ден по ред во средата, додека Nasdaq порасна, благодарение на подобрата од очекуваната заработка од технолошките гиганти како Microsoft и Amazon.

Dow Jones се лизна за 0,68 отсто, на 33.301 поен, а S&P 500 се лизна за 0,38 отсто, на 4.055 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,47 отсто, на 11.854 поени.

Меѓу 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера пораснаа само во технолошкиот сектор, а тој сектор е одговорен и за растот на индексот Nasdaq.

Победник на денот беше Microsoft, чии акции пораснаа за повеќе од 7 отсто откако објави подобри од очекуваните квартални деловни резултати. Amazon.com исто така постигна силни резултати во изминатиот квартал, па цената на акцијата на тој технолошки гигант порасна за повеќе од 2 отсто.

И повеќето други компании постигнаа солидни резултати.

Од приближно 160 компании од индексот S&P 500, кои досега ги објавија своите финансиски извештаи, речиси 80 отсто од нив остварија поголема заработка од очекуваната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП