6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens планира да укине 15.000 работни места

Siemens планира да укине 15.000 работни места

siemens2

Индустрискиот гигант „Siemens“ планира да укине 15.000 работни места во светот, од кои една третина во Германија, изјави портпаролот на компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Укинувањето на работните места во рамките на планот „Siemens 2014“ вклучува 15.000 лица во светот, од кои 5.000 во Германија“, изјави тој.

Во Германија 2.000 работни места ќе бидат укинати во индустрискиот сектор, 1.400 во секторот за енергија, 1.400 во инфраструктурните активности и уште 200 други во останатите сектори, објасни компанијата во своето соопштение.

Овие мерки се дел од планот „Siemens 2014“, широка програма која би требало да овозможи компанијата за заштеди средства во вредност од околу 6 милијарди евра до крајот на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП