30 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПациентите ќе излезат на протест ако не им се одговори кога ќе...

Пациентите ќе излезат на протест ако не им се одговори кога ќе биде набавен лекот „трикафта“

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на трети мај во 12 часот пред Министерството за финансии ако не добијат одговор од надлежните институции до каде е процесот со набавката на „трикафта“. Ова го најави претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

Гаспар посочи дека во неделата пред Велигденските празници, пуштиле допис до сите институции за да им одговорат до каде е случајот со набавката на лекот „трикафта“.

– Се уште немаме одговор, иако, неофицијално, преку одредени луѓе слушаме дека работата се движи и дека имаат иницијатива и дека работат на целата проблематика. Но, проблемот е што ние се уште немаме добиено допис, истакна тој.

Тој додаде и дека уште 18 пациенти треба да добијат лек, а во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.

Претходно се оддржаа протести каде стотици граѓани им одадоа подршка на пациентите со цистична фиброза и побараа Владата да побрза и да им го набави лекот што им е потребен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП