26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска не може да се најде чистачки ни за 15 евра...

Во Хрватска не може да се најде чистачки ни за 15 евра на час

Туристичките работници во Хрватска сега се во вистински „лов“ на чистачки на пролет. Хотелиерите, а особено станоиздавачите, се чешаат по глава бидејќи многу тешко се наоѓаат. Нивните плати или саатници се повеќе од пристојни. За три часа чистење, на пример, двособен стан, можете да добиете и до педесет евра.

Значи, на час и повеќе од 15 евра. Наскоро саатницата на чистачките ќе достигне саатница на ИТ работниците, кои исто така се многу барани. Веројатно веќе ги „престигнаа“ наставниците.

Јелена е во пензија. Со оглед на висината на пензијата, вели, преку службата мора да работи четири часа дневно и задоволна е од условите. Во задарската служба за чистење телефонот постојано ѕвони. Тие нудат чистење на вили со базени, канцеларии, апартмани. Се уште немаат составено комплетен тим за лето.

„Се уште бараме куќни помошници. Ни требаат уште пет постојани чистачки и сигурно ќе ни требаат уште десет до дваесет жени кои би работеле со скратено работно време“, изјави Ким Думичиќ од кадровското одделение на Чистоќе, пишува Данас повикувајќи се на ХРТ.

Куќна помошничка, ни за лек

Од година во година ја креваат цената на час затоа што тоа е закон на пазарот. Чистачите често се барани, но ги нема доволно.

Веќе дојде до тоа, дури и минатата година, да поставуваат повеќе услови од нас“, додаде Думичиќ.

„Минатата година би рекол дека немаше ниту за лек. Годинава некои се пријавуваат и на тендери“, изјави Младенка Штура, директорка на хотел Задар.

Ако ги прашате задарчани на улица, голем број од нив ќе кажат дека издаваат станови. Повеќето од нив сами ги чистат, односно целото семејство го прави тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП