28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМексико воведува данок на гумите за џвакање

Мексико воведува данок на гумите за џвакање

Сиудад Мексико- Џвакањето на гуми за џвакање во Мексико би можело да поскапи, бидејќи парламентот го разгледува предлог законот според кој продажбата на гуми за џвакање би била оптеретена со посебен данок.

Така стекнатите средства, како што пренесува медиумската куќа „Би Би Си“, би требало да послужат за покривање на дел од трошоците за, некогаш многу напорното, чистење на остатоци од гумите за џвакање.

Предлогот е, висината на данокот да биде 35 проценти од цената на секоја гума за џвакање.

Според податоците на трговците, во Мексико годишно се продаваат 92,000 тони гуми за џвакање, а земјата е втор најголем потрошувач на гуми за џвакање во светот.

Трошоците за одстранување на една гума за џвакање од тротоар, од сообраќајните средства или од мебелот во јавниот простор, се пет пати поголеми отколку што е продажната цена на гумата за џвакање. Чистењето на гумите за џвакање од тротоарите, само во мексиканската метропола која брои преку 20 милиони жители, чини 80,000 долари годишно, посочи пратеникот Диесе Франкос кој е автор на предлог законот.

Мексико веќе неколку години многу сериозно се занимава со проблемот со гумите за џвакање. На еден квадратен метар во главниот град на Мексико, има 70 фрлени гуми за џвакање. Мексиканските служби за чистење на гумите поставиле чистачи на пареа, но ни тоа не помогна.

Подоцна, градските власти почнаа да ги советуваат луѓе, изџваканата гума наместо да ја плукнат или да ја залепат некаде, да ја проголтаат. Таа иницијатива не успеа, бидејќи некои доктори се побунија околу тоа, тврдејќи дека голтањето на гуми за џвакање може да биде ризично по здравјето.

Во борбата против лепливиот отпад не помогнаа ниту брзо разградливите гуми за џвакање, кои мексиканските трговци почнаа да ги нудат пред четири години.

Службениците во метрополата го поздравија предлог законот.

„Тоа може да функционира многу добро, доколку тие пари одат директно на луѓето кои се одговорни за градската чистота“, рече за „Би Би Си“ координаторот на управата на историскиот центар на Мексико, Рикардо Харал Фернандез.

Според него, само во историскиот центар на главниот град, чистачите дневно собираат околу 2,000 гуми за џвакање. На трговците, ова не им се допаѓа.

Тие сметаат дека посебниот данок ќе биде само уште една мерка која нема да има вистински ефект. Она главното- остатоците од гумите за џвакање по улиците нема да се намалат.

„Тоа нема ефект. Луѓето и понатаму ќе ги фрлаат гуми за џвакање по улиците, тоа е проблем поради нивната култура“, искоментира еден трговец во мексиканскиот главен град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП