29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно на Волстрит, се чекаат финансиските извештаи на технолошките гиганти

Внимателно на Волстрит, се чекаат финансиските извештаи на технолошките гиганти

Во понеделникот на Волстрит се тргуваше внимателно, при што берзанските индекси стагнираат, додека инвеститорите ги очекуваат кварталните деловни резултати од голем број компании, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот. Dow Jones зајакна 0,20 отсто, на 33.875 поени, а S&P 500 зајакна 0,09 отсто, на 4.137 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,29 отсто, на 12.037 поени.

Стагнацијата на индексот е последица на воздржаноста на инвеститорите во пресрет на објавувањето на деловните резултати на голем број големи технолошки компании. Од почетокот на годината цените на акциите во тој сектор силно пораснаа и беа најголемиот поддржувач на растот на Волстрит. Затоа, деловните резултати на компаниите за првиот квартал претставуваат, велат аналитичарите, тест дали овој раст е оправдан.

Акциите на Мајкрософт вчера беа под притисок додека ги чекаа деловните резултати што технолошкиот гигант ќе ги објави во вторник. Од почетокот на годината цената на акциите на Мајкрософт се зголеми за повеќе од 17 отсто, а резултатите во првиот квартал ќе покажат дали е оправдано толку силно зголемување на цената на акцијата.

Во наредните денови финансиските извештаи ќе бидат објавени и од технолошките гиганти, како Amazon, Alphabet и Meta Platforms. Од 90 компании од индексот S&P 500, кои досега ги објавија финансиските извештаи, 77 отсто од нив оствариле поголема заработка од очекуваната.

Инфлациските притисоци во САД постепено се намалуваат

Сепак, очекувањата не се многу светли. Според проценките на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде околу 5 отсто помала во првиот квартал отколку во истиот квартал минатата година. Инвеститорите се исто така претпазливи бидејќи се очекува американската централна банка дополнително да ги зголеми каматните стапки на седницата на почетокот на мај.

Мора да се признае, инфлаторните притисоци во САД постепено се намалуваат, но не доволно, па ФЕД би можел да продолжи да ја затегнува монетарната политика. Пазарите на пари проценуваат дека има повеќе од 90 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за уште 0,25 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,02 отсто, на 7.912 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,11 отсто, на 15.863 поени, а париски CAC 0,04 отсто, на 7.573 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП