17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс: Руските богаташи го зголемија своето богатство за 152 милијарди долари

Форбс: Руските богаташи го зголемија своето богатство за 152 милијарди долари

Руските богаташи го зголемија своето богатство за 152 милијарди долари во текот на минатата година благодарение, меѓу другото, и на високите цени на природните ресурси, според изданието на магазинот Форбс за Русија.

Според последните официјални податоци, Русија има 110 милијардери, што е за 22 повеќе од една година порано, пренесува Ројтерс. Нивното вкупно богатство се зголеми од 353 милијарди долари на 505 милијарди долари.

Списокот на милијардери би бил уште подолг доколку неколку богаташи не се откажале од руското државјанство.

На рејтингот на богатите влијаеле и апокалиптичните прогнози поврзани со руската економија, наведува Форбс, додавајќи дека во 2021 година, пред почетокот на војната во Украина, вкупното богатство на милијардерите во Русија изнесувало 606 милијарди долари.

Руската економија се намали за 2,1 отсто под притисок на западните санкции, но таа беше во можност да продава нафта, метали и други природни ресурси на глобалните пазари, особено во Кина, Индија и на Блискиот Исток.

Новите имиња на руските богаташи на листата на Форбс вклучуваат милијардери кои своето богатство го стекнале преку производство на хемикалии, фармацевтски производи, грицки, како и градежната индустрија, што покажува дека побарувачката на рускиот пазар останува силна и покрај санкциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП