18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајразвиените земји во светот планираат најсилен удар на Русија досега

Најразвиените земји во светот планираат најсилен удар на Русија досега

Најмоќните земји во светот кои ја сочинуваат групата Г7 размислуваат за најсилниот удар врз Русија досега.

Групата земји Г7 размислува за речиси целосна забрана за извоз во Русија, објави во петокот новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на извори од јапонската влада.

Блумберг, исто така, во четвртокот објави дека САД и другите сојузници на Украина размислуваат за „целосна забрана за најголемиот дел од извозот во Русија“. Во извештајот се вели дека претставниците на Г7 разговараат за идејата пред самитот во Јапонија следниот месец.

Запрашан за извештајот на Блумберг, главниот јапонски секретар на кабинетот Хироказу Мацуно рече дека владата е свесна за тоа, но се воздржува од коментирање на размената на мислења меѓу земјите од Г7 и другите земји кои слично размислуваат за можни дополнителни санкции против Русија. „Она што е важно за што поскоро ставање крај на руската агресија, а Г7 да остане обединета за остри санкции против Русија и силна поддршка за Украина“, рече тој на брифинг со новинарите, пренесува „Јутарњи лист“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП