2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Остатокот од светот треба да ги копира нашите закони за криптовалути

ЕУ: Остатокот од светот треба да ги копира нашите закони за криптовалути

Остатокот од светот треба да ги копира регулативите за криптовалути на Европската унија (ЕУ) за да создаде силен меѓународен пристап кој ги штити потрошувачите и финансиската стабилност. На ова повика европскиот комесар за финансиски услуги на блокот, цитиран од „Reuters“.

Европскиот парламент треба да го одобри Законот за пазари на криптовалути (познат како „MiCA“), првиот сеопфатен збир на правила во светот за нерегулираниот сектор. Европските земји веќе дадоа одобрение.

Крипто-секторот е потресен од колапсот на крипто берзата „FTX“ и други банкроти од висок профил, кои ги повлекоа цените на криптовалутите надолу, иако имаше закрепнување од почетокот на годината.

„Се надевам дека нашите правила можат да станат модел за другите земји“, рече комесарката за финансиски услуги на ЕУ, Марид Мекгинис, пред парламентот.

„MiCA“ ќе бара крипто-компаниите да бидат овластени од ЕУ да нудат услуги во блокот, како и да спроведуваат мерки против перење пари и антитерористичко финансирање.

Законите ќе се применуваат постепено од јули 2024-та година за да му се даде време на секторот да се прилагоди.

Крипто-компаниите кои се примени од една земја во ЕУ ќе можат да нудат услуги во сите 27 земји-членки. Европските градови како Париз веќе работат на привлекување компании од секторот.

„Ова го означува крајот на „Дивиот Запад“ за криптовалутите“, рече европратеникот од Партијата на зелените, Ернест Уртасун во парламентот.

„Но, и другите земји треба да придонесат со воведување правила. Меѓународната конвергенција е апсолутно клучна“, рече Мекигинс.

Според Мекгинис, комисијата ќе испита дали ќе бидат потребни повеќе регулативи во децентрализираното финансии и заемот на крипто средства.

„Ние веруваме дека ако „FTX“ беше фатен под јурисдикција на ЕУ, многу од неговите практики нема да бидат дозволени според „MiCA““, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП