23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализата на однесувањето на биткоинот укажува на нов краткорочен раст

Анализата на однесувањето на биткоинот укажува на нов краткорочен раст

Порастот на вредноста на биткоинот оваа година е доведен во прашање бидејќи најтргуваниот дигитален токен во светот се бори да одржи ниво над 30.000 долари. Сепак, моделот на неодамнешното отскокнување над таа психолошка линија сугерира дека може повторно да се зголеми барем уште седум проценти во блиска иднина.

Споменатата шема покажува дека минималниот дневен скок од три проценти е проследен со пресврт следниот ден и пад од околу 1-3 проценти за време на генерално „биков“ период на раст кој трае неколку дена.

Биткоинот порасна за седум проценти во последните десет дена, а во вторник и среда почна да ги покажува тие модели на краткорочни поскапувања и корекции неколку пати повторно.

Како што пишуваат аналитичарите на Блумберг, затоа може да се очекува дека на крајот од следниот неделен период вредноста на биткоинот повторно да се зголеми за неколку проценти, бидејќи, меѓу другото, ваквото однесување на токенот се совпаѓаше со фактот дека секој пат кога ова ќе се случи, неговиот т.н индекс на релативна сила надминувал 50 поени. Со други зборови, повторно се исполнети сите услови.

Биткоинот закрепна за околу 74 проценти во 2023 година. Сепак, побрзиот раст на оваа и другите криптовалути во моментов е ограничен од високата инфлација и непознатите околу темпото на забавување на каматните стапки на водечките светски пазари.

Во пресрет на денешното тргување, биткоинот започна благ подем по најголемиот неделен пад во средата. Неговата вредност се движи околу 29.000 долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП