7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Италија и недостасуваат еден милион работници

На Италија и недостасуваат еден милион работници

Италија се соочува со голем недостиг на работна сила, поради што недостасуваат вкупно околу еден милион работници во неколку економски сектори, изјави министерката за труд Марија Елвира Калдероне.

Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници кои ќе ги пополнат тие работни места, рече Калдероне во средата.

Владата работи на тоа да обезбеди „компаниите да имаат работна сила обучена за работата што ќе ја работат, а особено за предизвиците на денешницата и утрешниот ден“, нагласи таа.

Ова особено се однесува на еколошката и дигиталната трансформација во светот на работата, додаде Калдероне, истакнувајќи дека главната цел е да се вработи „секој граѓанин на Италија“.

Недостигот од работна сила е особено изразен во туризмот, велат од здружението „Assoturismo Confesercenti“. Од угостителството се жалат на слабиот одзив на понудите, но и на слабите квалификации на кандидатите за работа.

Земјоделството во летните месеци и сезоната на жетва има потреба од најмалку 100.000 работници, објави земјоделското здружение Coldiretti.

Нагласија дека итно им се потребни трактористи, градинари и берачи на овошје и зеленчук. Тие бараат и квалификувани работници во дигиталниот сектор, како земјоделски техничари кои знаат да управуваат со дронови, да читаат метеоролошки податоци и да користат ИТ алатки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП