19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит стагнира

Волстрит стагнира

На Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети втор ден по ред, додека инвеститорите ги анализираат кварталните деловни резултати на компаниите кои не се многу блескави.

Аналитичар: Се чини дека сме заглавени во тесен опсег

Dow Jones загуби 0,23 отсто, на 33.897 поени, а S&P 500 загуби 0,01 отсто, на 4.154 поени. Индексот Nasdaq зајакна за 0,03 отсто, на 12.157 поени. Инвеститорите се фокусирани на кварталните деловни резултати на компаниите и банките. Некои се подобри, а некои послаби од очекувањата на аналитичарите. Вчера, меѓу другите, инвеститорите беа разочарани од резултатите на Tesla и Netflix.

Очекувањата од целата сезона на објавување резултати не се баш светли. Според најновите проценки на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде за 4,8 отсто помала во првиот квартал отколку во истиот квартал минатата година.

„Се чини дека сме заглавени во тесен опсег, бидејќи некои инвеститори веруваат дека економијата ќе западне во рецесија, а некои очекуваат благо приземјување“, рече Рик Меклер, партнер во Cherry Lane Investments.

Инвеститорите се исто така претпазливи бидејќи се очекува американската централна банка дополнително да ги зголеми каматните стапки на седницата на почетокот на мај. Секако, инфлациските притисоци во САД постепено се намалуваат, но други економски показатели сугерираат дека ФЕД може да продолжи да ја затегнува монетарната политика.

На пазарот на пари, се проценува дека има околу 80 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, до опсег од 5 до 5,25 отсто. Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,13 отсто, на 7.898 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,08 отсто, на 15.895 поени, а париски CAC 0,21 отсто, на 7.549 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП