3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали државната "АД за станбен и деловен простор" ќе може да го...

Дали државната “АД за станбен и деловен простор” ќе може да го регулира лудилото од цени на становите

Зоран Ѓоргијев, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор најавува дека цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Акционерското друштво како регулатор на цената почнува да гради на нови локации, а на намалување на цената ќе влијае и поевтинувањето на градежните материјали.

„Според она како се движат цените сега има извесно намалување на градежните материјали. Ние, како државна фирма, сме регулатор на цената. Затоа сега за брзо време ќе почне градба во стара воена пекара, за да можеме на ова лудило што е фатено во државата и во цел регион околу цената на квадратен метар, да му бидеме некаков регулатор. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад, надолу“, рече директорот Ѓоргијев по денешниот увид во градежните работи за изградба на зградата за 312 социјално загрозени семејства во Бутел.

Цената на становите во Скопје последниве две години скокна на повеќе од 2000 евра за квадратен метар. Директорот Ѓоргијев смета дека трендот на енормно зголемени цени за квадратен метар не е само кај нас туку во регионот и во цела Европа, но во периодот што следи се очекува намалување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП