1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 намирници кои можат да предизвикаат дијабетес тип 2: Изложени сте на...

3 намирници кои можат да предизвикаат дијабетес тип 2: Изложени сте на ризик ако ги јадете често

Дури седум од 10 случаи на дијабетес тип 2 во светот се поврзани со лошиот избор на храна.

Храната што ја избирате да ја ставате во чинијата секој ден може значително да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2, покажа новото истражување.

Според The ​​Sun, белиот ориз, лебот и преработеното месо се намирниците кои најверојатно ќе ја предизвикаат оваа состојба, според американските истражувачи.

Тие ги разгледаа навиките во исхраната на луѓето во 184 земји за да утврдат како храната влијае на нивното здравје.

Луѓето кои јаделе повеќе рафинирани јаглехидрати, како што се бел леб, тесто за пица и тестенини, кои содржат шеќер и немаат влакна и хранливи материи, имале поголема веројатност да развијат дијабетес тип 2.

-Нашата студија сугерира дека лошиот квалитет на јаглехидратите е водечки двигател на дијабетес тип 2 што може да се припише на исхраната ширум светот – вели авторот на студијата, професорот Дариуш Мозафаријан.

Студијата исто така покажа дека луѓето јадат премногу црвено и преработено месо, како сланина, колбаси и салама.

Овие намирници се главниот двигател на повеќе од 14 милиони нови случаи на дијабетес тип 2 во 2018 година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine.

Експертите процениле дека седум од 10 случаи на дијабетес тип 2 во светот се поврзани со лошиот избор на храна.

Тие, исто така, открија дека јадењето премногу нездрава храна е почест предизвикувач на дијабетес тип 2 на глобално ниво отколку нејадењето доволно здрава храна, особено кај мажите.

Повеќе од 60 проценти од сите глобални случаи на болести кои се припишуваат на исхраната се должат на прекумерно внесување на рафиниран ориз, пченица, компири и преработено и непреработено црвено месо.

Конзумирањето премногу засладени пијалоци и овошни сокови е уште еден фактор, но во помала мера од лошите јаглехидрати и црвеното месо.

Жителите на Полска и Русија, каде исхраната вклучува многу компири и црвено или преработено месо, имаа најголем процент на нови случаи на дијабетес тип 2 поврзани со исхраната.

Во Колумбија и Мексико, исто така, се откриени голем број случаи на дијабетес тип 2, а истражувачите веруваат дека дел од одговорноста може да лежи во начинот на живот, имено во конзумирањето на зашеќерени пијалоци, преработено месо и намалениот внес на цели зрна.

Симптоми кои може да укажуваат на дијабетес:

-често одење во тоалет, особено навечер

-чуство на жед

-хроничен замор

-нагло губење на тежината

-чешање во гениталната регија

-споро зараснување на раните и исекотини

-замаглен вид

Симптомите се предизвикани од високото ниво на гликоза што останува во крвта, каде што не може да се користи како енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП