25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронска даночна пријава до УЈП не поднеле 124 месечни ДДВ обврзници

Електронска даночна пријава до УЈП не поднеле 124 месечни ДДВ обврзници

ujp

Новата обврска за поднесување електронски ДДВ пријави, која стапи во сила од 1 јануари годинава, месечните ДДВ обврзници навреме и успешно ја завршија, со мал процент на исклучоци, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП).

– Од вкупно 4.584 фирми кои имаа обврска до 25 јануари да достават ДДВ пријава по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ на УЈП, само 124 месечни ДДВ обврзници не презеле никакви чекори и не се усогласиле со новиот начин на електронска комуникација, односно воопшто не се регистрирале за користење на е-даночните услуги со дигитален сертификат на USB токен, соопшти УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП