28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова гринфилд инвестиција на „Јагео" од над 200 милиони евра и нови...

Нова гринфилд инвестиција на „Јагео” од над 200 милиони евра и нови 3900 вработувања во зоните во Скопје и Штип

Станува збор за водечка мултинационална компанија од Тајван за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40.000 вработени ширум светот.

Електронските компоненти кои ги произведуваат и кои што се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија и слично.

-Со новиот концепт на поттикнување инвестиции успеавме да ја ставиме нашата земја доста високо на мапата инвестициски дестинации кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни инвестиции од кои ќе имаме бенефит и како држава, но уште поважно инвестиции кои носат директен бенефит за граѓаните во државата, велат од ТИРЗ.

-Бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на инвестиции и поддршка на инвестициите во ТИРЗ. Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра. Имаме над 16.500 вработени во Зоните што е за над 10.000 работници, само од 2017 година досега. Во првиот квартал имаме речиси една милијарда евра извоз што е највисоко ниво во последниве 5 години. Само минатата година компаниите во зоните достигнаа највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра на годишно ниво, вели директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП