4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКЕЛНЕРИ 1500, ГОТВАЧИ ДО 2200 ЕВРА ПЛАТА! Оглас кој го полуде регионот

КЕЛНЕРИ 1500, ГОТВАЧИ ДО 2200 ЕВРА ПЛАТА! Оглас кој го полуде регионот

Хрватска летово бара работници за сезонски работни места, понудите се претежно слични, работа во кафуле, хотел или на плажа, а платите може да ги надминат очекувањата, а доказ за тоа се огласите на работодавач од хрватското приморје. Повеќето огласи се на социјалните мрежи и страниците каде се бараат сезонски работници.

Еден оглас предизвика големо внимание на социјалната мрежа Фејсбук, а сите останаа шокирани кога видоа како се нудат платите. Според работодавачот, тие бараат угостителски работници од „различни профили“ кои би работеле во ресторани, кафулиња, слаткарници и пекари во областа Истра (Пула, Пореч, Ровињ) како и во Крк, Црес и Лошињ, пренесува Мондо.

Плати и понудени работни места:

Готвачи (1600e-2200e)

Помошници готвачи (1200e-1600e)

Пица мајстори (1500е-2000е)

Мајстори за скара (1500е-2000е)

Келнери во ресторан (1000e-1500e)

Келнерки (1000e-1200e)

Кафе конобари (1000e-1200e)

Шанкери (1200e-1500e)

Букери (1200e-1500e)

Пекари по договор

Слаткари по договор

Салатерки (900e-1200e)

Во огласот пишува и дека се нуди пријавување, сместување, храна, за да се работи од три до шест месеци. Исто така, беше истакнато дека секој со екс YU пасоши може да работи. Под објавата имаше коментари од луѓе кои беа заинтересирани да работат, но и од оние на кои оваа понуда навистина не им се допадна. „Работиш од сабајле до вечер, што не кажете колку саати се работи?“, „Лудило, само да рмбаме“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП