5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHypo се подготвува за продажба на банките

Hypo се подготвува за продажба на банките

hipo

Холдингот за југоисточна Европа на австриската банка „Hypo internacional“ полека добива облик и треба до крајот на овој месец да се утврди.

Според информациите, холдингот треба да го соедини сето тоа што е најдобро на Балканот.

Организацијата во која ќе се најдат сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и здравите бизнис сектори, како лизингот, е се со цел да се олесни нивната продажба.

Европската комисија на почетокот на овој месец го продолжи рокот за продажба на сестринските банки на групацијата „Hypo“ до крајот на 2015-та година, а моделот на холдингот, кој Австрија и го предложи на Брисел, наиде на одобрување.

Народната банка и финансиските установи во Словенија и Хрватска веќе дале „зелено светло“ за преминување на банките во холдинг, што е чисто техничка процедура.

Се очекува денес и Народната банка на Србија да даде одобрување, а во Босна тоа би требало да се случи во понеделник.

Од „Hypo“ банка во Клагенфурт се нагласува дека правењето на холдингот не значи никакво одвојување и дека раководството на банката и холдингот ќе биде идентично.

Според планот во четвртиот квартал од оваа година ќе бидат направени првите разговори за продажба. Иако интерно се смета дека сестринските „Hypo“ банки ќе бидат одвоено продавани, официјално се нуди холдингот.

Групацијата „Hypo“ смета дека од продажбата ќе може да заработи износ од неколку милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП