10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна заработка на JPMorgan

Рекордна заработка на JPMorgan

Најголемата американска банка по вкупна актива, JPMorgan Chase, во првиот квартал од оваа година оствари нето добивка од 12,6 милијарди долари, што е за 52 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Меѓу другото, создаде резервации за лоши заеми, предупредувајќи на можна економска криза.

Дополнителните резервации беа создадени поради влошените економски изгледи и „поголемата веројатност за умерена рецесија поради заострување на финансиските услови“, се вели во деловниот извештај на банката сумиран од француската новинска агенција АФП.

Во првиот квартал банката оствари рекордни приходи од 38,3 милијарди долари, што е за 25 отсто повеќе од пред една година.

Неодамнешниот пресврт во банкарскиот сектор по колапсот на Silicon Valley Bank предизвика загриженост за повлекувањето на депозитите, но ова беше повеќе случај за банките со средна големина. Во JPMorgan Chase забележаа пад на депозитите на годишна основа, но раст на квартална основа.

Главниот извршен директор на банката, Џејми Димон, рече дека американската економија останува на здрава основа бидејќи потрошувачите продолжуваат да трошат, а бизнисите се во добра состојба.

„Сепак, бурата која ја следевме изминатата година остануваат на хоризонтот, а превирањата во банкарската индустрија уште повеќе ги зголемуваат овие ризици“, предупреди тој.

Додека банките се надеваат дека овие облаци ќе се расчистат, JPMorgan е „подготвен за секакви последици“, уверува Димон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП