6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот увоз од Русија падна за повеќе од 90 отсто од почетокот...

Германскиот увоз од Русија падна за повеќе од 90 отсто од почетокот на војната во Украина

Германскиот увоз од Русија падна за повеќе од 90 отсто во првата година од руската војна против Украина, што најмногу се должи на намалувањето на руските енергетски испораки на најголемата европска економија, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.

Федералното биро за статистика објави дека Германија во февруари увезла стоки во вредност од 300 милиони евра од Русија, додека една година претходно увозот бил 3,7 милијарди евра. Поради тој пад од 91 отсто, Русија падна од 11. на 46. место меѓу земјите од кои Германија увезува стоки, објави агенцијата Бета.

Поради инвазијата на Украина, која започна на 24 февруари 2022 година, западните земји воведоа неколку пакети санкции кон Русија. Односите на Русија со Западот се влошија и во областите кои не се директно засегнати од санкциите, како што е природниот гас.

Русија, од која Германија некогаш набавуваше повеќе од половина од вкупниот волумен на гас, ова лето прво ги намали, а потоа ги прекина испораките на гас во земјата.

Германскиот завод за статистика соопшти дека увозот на руска нафта и гас е намален за 99,8 отсто од почетокот на годината до февруари, што е намален на 4,2 милиони од 2,2 милијарди евра. Увозот на јаглен е намален за 92,5 отсто, на 26 милиони од 347 милиони евра.

Во февруари Германија во Русија извезла стоки во вредност од 800 милиони евра, додека една година претходно извозот бил 2,1 милијарди евра, што претставува пад од 60,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП