Официјални лица на Европската централна банка (ЕЦБ) се поблиску до заклучокот дека каматните стапки треба да се зголемат за четвртина процентен поен во мај, иако дискусијата се уште не е завршена, тврдат пет упатени извори.
Од средината на минатата година, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за најмалку половина процентен поен, најбрзо во историјата, за да ја спречи инфлацијата. Но, многу фактори сега тврдат за зголемена претпазливост, изјавија за Ројтерс изворите, кои не сакаа да бидат именувани.
Неизвесноста е сè уште висока по силните осцилации во финансискиот сектор во март, а зголемените каматни стапки сè уште не ја „завршиле работата“ во економијата, па затоа треба да се подигнат понежно за целосно да се манифестира влијанието на досегашните потези, објаснуваат изворите.
Врвот на циклусот на покачување на каматните стапки се наѕира, додаваат тие, а „последната етапа“ е побезбедно да се направи во помали чекори, забележуваат оттаму.
Аргумент во прилог на „помалите чекори“ е фактот што каматната стапка на депозитите е три отсто, а тоа ниво го ограничува економскиот раст, велат оттаму.
Според нив, дебатата сè уште не е завршена и изгледите за каматните стапки се уште би можеле да се променат, особено по податоците за инфлацијата во април и кварталната анкета на ЕЦБ за кредитирање на банките, која ќе биде објавена само неколку дена пред состанокот на ЕЦБ на почетокот на мај.