26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го намали производството на нафта за 700 илјади барели дневно

Русија го намали производството на нафта за 700 илјади барели дневно

Русија во март го намали производството на сурова нафта за 700.000 барели дневно, пренесува агенцијата Блумберг.

За потсетување, Русија во февруари предупреди дека ќе го намали производството на сурова нафта за 500.000 барели дневно поради западните санкции. Тогаш потпретседателот на руската влада Александар Новак изјави дека намалувањето на производството се должи на забраните за увоз од Европската унија и ценовните ограничувања на домашните производи. Русија соопшти дека нејзиниот извоз на сурова нафта и гориво е целосно пренасочен од крајот на март, при што извозот на „црното злато“ падна за само 123.000 барели дневно, но остана над три милиони барели дневно.

Според извори на Блумберг, податоците од Министерството за енергетика покажуваат дека Русија во март просечно произведувала 9,4 милиони барели дневно без кондензат. Во 2021 година, производството на нафта и кондензат во Русија достигна 10,5 милиони барели дневно.

Тоа значи дека Русија го намали производството меѓу 700.000 и 740.000 барели дневно, што е значително повеќе од наведените 500.000 барели дневно, забележува Bloomberg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП