Два авио превозници, односно „Луфханза“ од Германија и „Визер“ од Унгарија воведуваат нови авио линии по поддршката која ја добива од Македонија. Линиите се до Германија, Луксенбург, Австрија и Словенија.
„Обезбедивме нови дестинации за нашите граѓани. Луфханза ќе лета од Скопје до Франкфурт и тоа 10 пати неделно. Оваа линија се обраќа од 23 април годинава. Сметаме дека е од големо значење за државата но и граѓаните оти аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите во Европа и поврзува со меѓународни дестинации. ‘Визер’ ги достави следните дестинации Скопје – Штутгард, Скопје-Луксембург, Скопје-Салцбург, Скопје-Љубљана за која имаше огромен интерес од граѓаните и бизнис заедницата. Кон овие дестинации планирани се три летови во неделата. Планирано е воведување на овие линии од 1 ноември оваа година. Во однос на субвенциите, финансиската поддршка е за три години“, рече министерот Благој Бочварски.

