2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинскиот БДП падна за 29,1 отсто во 2022 година

Украинскиот БДП падна за 29,1 отсто во 2022 година

Бруто домашниот производ на Украина падна за 29,1 отсто во 2022 година во споредба со претходната година поради руската инвазија што ја опустоши земјата, објави денеска Украинскиот државен комитет за статистика.

Земја која дава отпор со помош на западната воена и финансиска помош претрпе уништување на цели делови од нејзината економија. Најпогоден е градежниот сектор, со пад од 67,6 отсто минатата година.

Сепак, иако непријателствата продолжуваат и иако 20 отсто од украинската територија е окупирана, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), еден од клучните финансиери на Киев, смета на делумно и постепено економско закрепнување оваа година, пренесува Бета.

ММФ проценува дека, во зависност од сценариото, украинската економија би можела да се движи помеѓу три отсто рецесија и раст од еден отсто во 2023 година, во споредба со минатогодишната ниска основа. Таа институција предвидува забрзување на економскиот раст во 2024 година до 3,2 отсто, а потоа и до шест отсто во 2025 година.

Фондот штотуку одобри помош од 15,6 милијарди долари за Украина како дел од големиот меѓународен план за поддршка во вкупна вредност од 115 милијарди долари.

Украина беше една од најсиромашните земји во Европа и пред рускиот напад. Во 2021 година нејзиниот БДП забележа раст од 3,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП