4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на куќите и становите во еврозоната значително пораснаа во последните две...

Цените на куќите и становите во еврозоната значително пораснаа во последните две години

Во 12 од 14 земји на Европската унија, кои Заводот за статистика на ЕУ ги вклучи во својата анализа на пазарот на недвижности, бројот на продажби на станбени имоти е намален во четвртиот квартал од 2022 година во споредба со истиот период во 2021 година. Најголемо намалување е забележано во Финска, со повеќе од 35 отсто. Во последниот квартал од минатата година, бројот на продажби се зголемил на Кипар за повеќе од шест проценти и во Белгија за речиси четири проценти (3,7).

Кога ќе се спореди третиот квартал од минатата година со истиот период во 2021 година, бројот на продажби на станбен имот во Кипар се зголемил за близу 40 проценти, во Ирска за речиси 10 проценти, во Бугарија за повеќе од седум проценти и во Шпанија за 2,5 проценти. Бројот на вакви трансакции е намален во третиот квартал во 10 земји, а најголемо намалување има Данска (28 проценти).

Земајќи ја предвид целата 2022 година, во однос на 2021 година, пораст на бројот на продажби на станбени недвижности е забележан во шест земји-членки на ЕУ, а намалување има во осум земји. Најголем раст е забележан во Кипар (повеќе од 27 проценти), Шпанија (шест проценти) и Бугарија (нешто помалку од шест проценти). Најголем пад на пазарот има Данска од речиси 30 проценти, Финска (повеќе од 17 проценти), Холандија (над 16 проценти) и Луксембург (повеќе од 15,4 проценти).

Нешто поинаква била ситуацијата во 2021 година во однос на 2020 година. Тогаш 16 земји доставувале податоци до Евростат, а во тој период бројот на трансакции се зголемил во 14 земји, а во две се намалил.

Најголем пораст на пазарот на недвижности е забележан во Шпанија (нешто над 39 отсто), Бугарија (39 отсто) и Ирска (над 22 отсто). Намалување е забележано во Холандија за близу три проценти и Луксембург – помалку од еден процент.

Кога се зема предвид просечниот квартален број на трансакции помеѓу 2015 и 2021 година, може да се забележат одредени сезонски обрасци меѓу земјите-членки на ЕУ. Така, бројот на продажби на станбени недвижности е најголем во четвртиот квартал во девет земји (Ирска, Кипар, Бугарија, Белгија, Австрија, Шпанија, Луксембург, Холандија и Португалија), додека становите најмногу се купуваат во вториот или третиот квартал во пет земји (Данска, Франција, Унгарија, Финска и Словенија).

Во 12 од 15 земји, односно во сите освен Данска, Унгарија и Полска, податоците покажуваат дека активноста на пазарот на недвижности е најниска во првиот квартал.

Евростат го забележа и интересниот факт дека во годините кога паѓале цените на недвижностите, се продавале помалку станови. Тоа беше особено забележливо во 2012 година, кога цените паднаа за 2,1 отсто, а вредноста на продажбата се намали за речиси 15 отсто, како и во 2017 година, кога цените пораснаа за повеќе од четири отсто, а вредноста на продажбата скокна за повеќе од 15 отсто.

Во 2021 година, цените на куќите значително се зголемија, за речиси осум проценти, што е највисок раст за еврозоната од 2005 година (откако Евростат ги собира овие податоци). Растот на годишната вредност на продажбата на станбени недвижности е највисок од 2011 година, откако се следи статистиката, за речиси 26 отсто.

Во извештајот се забележува дека ова е поврзано со постепеното укинување на мерките за заклучување воведени за време на пандемијата на коронавирус.

Цените на куќите исто така значително се зголемија во 2022 година, за повеќе од седум проценти. Вкупната вредност на купопродажбите на станбени недвижности минатата година за еврозоната ќе биде достапна во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП