Украина го продолжи извозот на електрична енергија во Европа, по суспензијата во октомври кога Русија почна со редовни ракетни и беспилотни напади врз критичната енергетска инфраструктура, изјави доцна во понеделникот украинскиот министер за енергетика.
Поради нападот на руската армија дошло до недостиг на електрична енергија за цивили и индустриски постројки, па работниците се обиделе да ја поправат мрежата преку прекувремена работа.
„Продолживме да извезуваме“, рече министерот за енергетика Герман Галушченко, додавајќи дека Русија „не успеа да го уништи нашиот енергетски систем“.
Европската унија е главниот пазар на Украина за извоз на енергија.
Галушченко истакна дека снабдувањето со електрична енергија на украинското население останува приоритет на земјата и покрај обновувањето на извозот.
„Се надеваме дека ќе го достигнеме износот на извозот што го имавме минатата година. Ќе водиме преговори за зголемување на извозот бидејќи сегашните резерви во системот ни го дозволуваат тоа“, додаде тој.
Во јуни 2022 година, Украина, која извезуваше електрична енергија во Молдавија, Унгарија, Словачка и Полска, рече дека се надева дека ќе заработи 1,5 милијарди евра од извозот на електрична енергија во ЕУ до крајот на годината.