28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвие телефони се најлесни и најтешки за поправка

Овие телефони се најлесни и најтешки за поправка

Google Motorola Smart Phone

„iFixit“, компанијата која редовно ги расклопува сите познати уреди, ја објави листата на паметни телефони кои биле рангирани според нивната леснотија за поправање.

Како што дефинираат од „iFixit“, поправањето се рангира на скала од 0 до 10, а 10 добива уредот кој најлесно може да се поправи.

За да добие добра оценка, уредот мора лесно да се расклопува, мора да постои упатство за негово сервисирање, а поени се добиваат или одземаат во однос на тежината на неговото отворање и замена на клучните компоненти.

Листата на „iFixit“ не ги покрива сите телефони на пазарот, а судејќи по резултатите „Motorola“ е шампион за поправање со оглед дека нејзините „Droid Bionic“ и „Atrix 4G“ се единствените уреди кои досега имаат добиено 9 поени.

„Samsung Galaxy S4“, како и „S3“ добија 8 поени, а со ист скор се и „Note“ и „Note II“.

„Apple iPhone 5“ доби солидни 7 поени, исто колку што добија и „Google Nexus 4“, „Motorolа Moto X“ и „Apple iPhone“ „3G“ и „3GS“.

Поради тоа што нивните батерии тешко може да се отстранат „iPhone“ „5C“ и „5S“ добија само шест поени.

Оргиналниот „iPhone“ кој беше претставен во 2007-та година доби само 2 поена, поради тоа што скриените спојувалки неговото отворање и расклопување го чинат скоро невозможно, а батеријата многу тешко може да се замени.

„HTC One“ ја заокружува оваа листа со 1 поен. Од „iFixit“ изјавија дека неговата конструкција е солдна, но телефонот скоро невозможно е да се отвори без да се нанесат штети на задниот поклопец што го чини многу тежок за поправка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП