Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Загреб за јануари годинава изнесува 1.256 евра, што е номинален пораст од 11 отсто во однос на јануари минатата година, соопшти Одделението за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и развој на градот Загреб.
Споредено со просечната месечна плата за јануари во Хрватска, која изнесувала 1.094 евра, просечната загребска нето-плата исплатена за тој месец била за 162 евра поголема.

