2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија добива 60 отсто енергија од обновливи извори

Португалија добива 60 отсто енергија од обновливи извори

Португалија веќе добива 60 отсто од енергијата од обновливи извори, а за две години ќе достигне 80 отсто. Оаа земја престана со производството на електрична енергија од јаглен и последната термоцентрала беше затворена.

Побрзо напуштање на јагленот беше овозможено поради поволната географска положба и клима на Португалија: тие имаат воден потенцијал, 300 сончеви денови и ветер кој постојано дува од Атлантикот. Исто така, таа земја влезе во енергетската транзиција пред две децении.

„Поради климатските промени имаме инвестициска стратегија и комбинираме различни технологии во производството на зелена енергија. Клучно е да се обезбеди сигурност на испораките, но и индустријата да има чиста, сигурна и ценовно конкурентна енергија“, рече Ана Фонтора Говеја, државен секретар за енергија и клима во Владата на Португалија.

Компанијата „Енерџи Португалија“ (ЕДП) ја има најголемата пловечка соларна централа во Европа на вештачкото езеро, која обезбедува 49 отсто од електричната енергија од ветер и 36 отсто од хидроцентралите. Во следните три години ќе инвестираат 25 милијарди евра во зелени мегавати, со цел да ги удвојат капацитетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП