11 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдна лажица од овој еликсир го лечи мамурлукот и повредите

Една лажица од овој еликсир го лечи мамурлукот и повредите

Со векови медот се користи во исхраната и лечењето на многу здравствени проблеми. Има силни антибактериски својства, особено доколку има потемна боја. Исто така, одличен е и за лекување на рани. Еве неколку необични, но многу корисни совети за неговата примена…

Третирање на повреди

Ако ви е потребно брзо и ефикасно решение за исеченица, гребнатина или некоја помала рана, измијте го повреденото место, исушете го и нанесете малку мед. Медот при ваквите повреди е прва помош, доколу станува збор за сериозно оштетување сепак потребно е да го посетите докторот.

Против проблеми со цревата

Помешајте еднаква количина вода, оцет и мед. Можеби тоа не баш совршениот вкус, но може да биде од помош за ублажување на цревната инфекција.

Мамурлук

Високата содржина на фруктоза во медот помага телото побрзо да го обработи алкохолот, затоа, по бурната ноќ изедете една голема лажица мед и решете ја главоболката. Уште подобро е медот да го помешате со чај бидејќи хидратацијата помага телото побрзо да закрепне.

Одличен за лице

Медот може да се користи и како природен пилинг. Измијте го лицето со мед и топла вода и тоа ќе биде помазно. Освен тоа медот ќе ви помогне да ги решите и мозолчињата.

Дава енергија

Изедете една лажица мед и ќе ви се врати енергијата и ентузијазмот.

За подобар сон

Медот може да го намали нивото на стрес кој спречува да се опуштите и да заспиете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП