28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква трошела многу, буџетскиот дефицит во првиот квартал 2,4 трилиони рубли

Москва трошела многу, буџетскиот дефицит во првиот квартал 2,4 трилиони рубли

Буџетскиот дефицит на Русија достигна 2,4 трилиони рубљи (39,2 милијарди долари) во првиот квартал од годината, бидејќи приходите од енергенсите се намалија, а Москва потроши многу повеќе.

Во истиот квартал од 2022 година, Русија оствари суфицит од 1,13 трилиони рубљи, но од тој момент почна да троши многу за поддршка на армијата во Украина, додека западните санкции ја погодија руската државна каса, пренесува Ројтерс.

Минатата година Министерството за финансии престана да објавува месечни податоци за исполнувањето на буџетот. Но, врз основа на податоците од петокот, Русија оствари суфицит од 181 милијарда рубљи во март, подобрувајќи го месечниот дефицит од 821 милијарди рубљи во февруари и 1,76 трилиони рубљи во јануари.

Вкупниот државен приход на Русија падна за 20,8 отсто во текот на кварталот во споредба со 2022 година на 5,7 трилиони рубљи, предводени од падот на приходите од енергенсите за 45 отсто на 1,64 трилиони рубљи, покажаа прелиминарните податоци на Министерството за финансии.

Во меѓувреме, трошењето порасна за 34 отсто на 8,1 трилиони рубљи. Зголеменото воено производство и масивните владини трошоци помогнаа руската индустрија да опстане и да ги ублажи економските последици од руската кампања во Украина и влијанието на западните санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП