1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи лошиот период за доларот

Продолжи лошиот период за доларот

Доларот ослабна четврта последователна недела во однос на кошницата од најважните валути.

Инвеститорите веруваат дека американската централна банка наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,5 отсто, на 102,09 поени.

Истовремено, доларот ослабе за 0,6 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0905 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,5 отсто, на 132,15 јени.

Индексот на доларот ослабе и минатата недела, бидејќи инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка се ближи кон крајот.

Најновите макроекономски податоци покажуваат, имено, дека растот на американската економија постепено забавува, дека се намалуваат инфлаторните притисоци, дека потрошувачката полека слабее и дека пазарот на труд постепено се ‘лади’.

А тоа значи дека ФЕД наскоро би можел да го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП