3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската индустрија изненади со добри резултати

Германската индустрија изненади со добри резултати

На изненадување на експертите, германската индустрија се надоврза на нагорниот тренд со кој влезе годинава во февруари, па во тој месец повторно е забележан значителен пораст на производството.

Вкупното производство се зголеми за два отсто на месечна основа, објави во четвртокот Федералното биро за статистика.

Покрај тоа, производството во јануари се покажа дека е поголемо од претходно претпоставеното. Заводот за статистика го ревидира растот во јануари на 3,7 отсто, каде што прелиминарно пресметал со 3,5 отсто.

Во февруари, развојот беше позитивен и на годишна основа, а растот на производството во однос на истиот месец во 2022 година изнесува 0,6 отсто.

Институтот објави и дека во февруари производството било поголемо во повеќето сектори. Во значителниот пораст на вкупното производство особено голем придонес има автомобилската индустрија. Таа најголема индустриска гранка во Германија го зголеми производството на месечно ниво за 7,6 отсто.

Позитивно на резултатите на преработувачката индустрија имаа и големи делови од градежната индустрија, кои го зголемија своето производство за вкупно 1,5 отсто, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП