19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на нафтата порасна поради намалената понуда и падот на залихите во...

Вредноста на нафтата порасна поради намалената понуда и падот на залихите во САД

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа поради најавите за намалена понуда и пад на залихите во Соединетите Американски Држави (САД), што го оттргна фокусот на инвеститорите од знаците за забавување на американската економија.

Според последните податоци објавени на веб-страницата OilPrice.com, цената на нафтата од типот брент порасна на 85,12 долари за барел. Тексашката сурова нафта WTI се тргува за 80,70 долари.

Цените на нафтата беа зголемени оваа недела со најавата на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (ОПЕК+), вклучително и Русија, дека ќе го намалат производството за дополнителни 1,66 милиони барели дневно од мај до крајот на годината, со цел да се стабилизира пазарот.

Трговците беа охрабрени и од извештајот на американското Министерство за енергетика, кое покажа дека залихите на нафта во САД минатата недела паднале за 3,7 милиони барели, а намалени се и залихите на бензин и други деривати, што укажува на зајакнување на побарувачката.

Нагорниот тренд беше запрен со објавувањето на податоците кои покажуваат дека има забавување на растот на американската економија.

Активноста во услужниот сектор значително забави во март, а индексот на слободни работни места беше на најниско ниво во последните речиси две години на крајот на февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП