10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia: Зголемена загубата во првата половина од годината

Alitalia: Зголемена загубата во првата половина од годината

alitalia1

Нето загубата на италијанскиот авиопревозник „Alitalia“ дополнително се зголеми во првата половина од оваа година, додека владата во Рим е во потрага по решение кое ќе овозможи продолжување на бизнисот на компанијата.

„Alitalia“ вчера објави дека во првите шест месеци од оваа година забележала загуба од 294 милиони евра, во однос на 201 милион евра загуба која беше забележана во истиот период минатата година.

Од 2009 година компанијата акумулираше 840 милиони евра загуба и една милијарда евра долгови.

Во „Alitalia“ очекуваат дека нивниот мнозински акционер, холанскo-францускиот „Air-France KLM“ ќе го зголеми сегашниот 25-процентен удел. Таа опција  е спорна за владата во Рим која сака Италија да стане центар за меѓуконтиненталните летови.

„Air-France KLM“ веќе има два центри, во Париз и Амстердам.

За „Alitalia“, исто така,  интерес покажаа и инвеститорите во Русија, Обединетите Арапски Емирати и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП