26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКако изгледа живот во 9 квадрати стан за 750 евра месечно(ВИДЕО)

Како изгледа живот во 9 квадрати стан за 750 евра месечно(ВИДЕО)

Животот во Париз не е евтин. Просечните цени за изнајмување на станови во главниот град на Франција зависат од локацијата и големината на станот. Апартман гарсоњера може да се најде по цена од 1.000 до 2.400 евра, пишува punkufer.dnevnik.hr.

Но, ако не сте премногу пребирливи, можете да најдете подостапно сместување.

Викрам е еден таков млад човек – овој Јутјубер попознат по прекарот Тимвикс живеел во Париз во микро-стан од само девет метри квадратни и плаќал месечна кирија од 750 евра.

Иако е многу мал простор, тоа беше доволно за кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро – па дури и туш кабина. Имаше и место за чување лични предмети – од облека до намирници, тенџериња и други јадења.

Единствено што му недостигаше во тој микро-стан беше тоалетот – се наоѓаше во ходникот надвор од станот и го делеше со друг сосед.

Освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула.

Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП