5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2023

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2023

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2023 година вкупниот промет изнесувал 496.838.797 денари и е зголемен за 124.40 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 246.211.825 денари и е зголемено во однос на февруари за 33,00 отсто кога изнесувало 203.633.329 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 238.991.836 денари и обврзници во вредност од 7.219.989 денари.

Блок трансакциите за март изнесувале 250.626.972 денари.

Бројот на трансакции во март изнесувал 1.035 и е намален за 35,47 отсто во однос на февруари кога изнесувал 764.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за март 2023 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП