9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија: Русија сака да го продаде својот национален долг на странски земји...

Британија: Русија сака да го продаде својот национален долг на странски земји и на тој начин да ја финансира војната

Британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина наведува дека на 28 март 2023 година рускиот премиер Михаил Мишустин изјавил дека се работи на процесот на продажба на дел од рускиот национален долг во странска валута.

Овој потег е речиси сигурно показател дека Русија очекува надворешна финансиска поддршка од странски земји што ги смета за „пријателски“, според Министерството. По завршувањето на процесот, инвеститорите од други земји ќе можат да купат руски државен долг и на тој начин да финансираат дел од идните буџетски дефицити на Руската Федерација.

„Инвеститорите на тој начин индиректно би ја финансирале руската инвазија на Украина“

Со овој потег инвеститорите индиректно би ја финансирале руската инвазија на Украина. Во последниве месеци, руските банки беа главниот субјект кој го откупува државниот долг. Меѓутоа, прашање е колку тие во иднина ќе можат да ги финансираат руските буџетски дефицити на овој начин.

Руските власти веројатно гледаат на продажбата на надворешниот долг како еден начин да ги затворат дупките во нивните финансии за време на инвазијата на Украина. Останува под знак прашалник дали навистина ќе успеат да го спроведат тој план, пишува Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП