27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолдман Сакс работи на имиџот на Русија

Голдман Сакс работи на имиџот на Русија

rusija1

Една од водечките светски банки Голдман Сакс ќе работи на подобрување на инвестицискиот имиџ на Русија.

Оваа вест ја пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на Меморандумот за разбирање помеѓу банките од Њујорк, Министерствата за економски развој и Рускиот фонд за директни инвестиции, кој беше потпишан во јануари.

Надоместокот за Голдман Сакс, според договорот, не смее да надмине 500.000 долари во наредните три години. Банката ќе биде главен консултант за подобрување на имиџот, а севкупната програма треба да ја развие работна група со учество на претставници од Сбербанк и ВТБ банка.

Според договорот, Голдман Сакс е должен да и помогне на руската страна околу контактот со меѓународните рејтинг агенции, да организира средби за руските претставници со странските инвеститори и да допринесе за подобрување на перцепцијата за инвестициската клима во Русија.

Руската влада постави цел за рејтингот на земјата оваа година да достигне нивото „А“. Моментално долгорочниот рејтинг на Русија, според агенцијата „Стандард и Пурс“ е на ниво од „ВВВ“, а според агенцијата „Фич“ на „Ввв2“.

Владата на Русија во неколку наврати укажува дека моменталната состојба на инвестициската клима во земјата не е на задоволително ниво. Меѓу другото, за нејзиното подобрување во 2011 година е формиран Фонд на директни инвестиции, кој има задача со приватните инвеститори да реализира заеднички проекти.

Се предвидува дека државата во периодот од пет години во Фондот ќе инвестира 10 милијарди долари, што за десет години би требало да привлече од 60 до 90 милијарди поврзани инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП