Аромата на чајот од ова растение има бројни предности, меѓу кои се издвојува способноста да делува како антисептик, аналгетик, антибактериски, антивирусен и смирувачки напиток.
Чајот од нане може да ви помогне да се чувствувате помирни и поопуштени, а тоа е добра вест за вашиот A1C (тест на крвта што го мери вашето просечно ниво на шеќер во крвта во последните 3 месеци). „За луѓето со дијабетес тип 2 кои секојдневно се соочуваат со различни видови на стрес, смирувачките ефекти на чајот од нане може да бидат многу корисно и ефикасно решение, бидејќи намаленото ниво на стрес често може да го подобри нивото на гликоза во крвта“, вели светски познатиот нутриционист Палински-Вејд.
Стресот може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да го отежне неговото контролирање.
Во една студија, истражувачите откриле дека аромата на пеперминт (која ја добивате кога пиете шолја чај!) помага да се намали анксиозноста, фрустрацијата и заморот.
Друга студија, објавена во октомври 2019 година во „Journal of Pain Research“, покажа дека аромата на пеперминт помага да се намали болката и анксиозноста предизвикани од интравенска катетеризација, а истражувачите предложија ароматерапијата со пеперминт да се препорача пред постапката.
Исто така, се претпоставува дека има антиканцерогено дејство, бидејќи содржи перилил алкохол, за кој се покажало дека е одговорен за превенција од рак на дебелото црево, кожата и белите дробови.
Сварете си чаша чај од нане и уживајте во придобивките што ни ги носи.