19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс ја објави најновата листа: Бернард Арно и понатаму прв, го следат...

Форбс ја објави најновата листа: Бернард Арно и понатаму прв, го следат Маск и Џеф Безос

Според листата на магазинот Форбс на најбогатите луѓе на светот објавена денеска, најбогат човек на светот и понатаму е Французинот Бернар Арно, сопственик на компанијата LVMH во која се вклучени – Луј Витон, Хенеси и Моет.

На второ место е сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Твитер“ Илон Маск, а по него се сопственикот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос, сопственикот на софтверската компанија „Оракл“, Лари Елисон и сопственикот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Богатството на Арно се проценува на околу 228 милијарди долари, на Маск на 192 милијарди, а на Безос на 125 милијарди долари.

Според објаснувањето на методологијата на страницата, Листата на милијардери на Форбс ги следи секојдневните подеми и падови на богатството на најбогатите луѓе во светот во реално време и обезбедува постојани ажурирања за нето вредноста и рангирањето во рамките на листата на секој милијардер овластен од Форбс.

Се додава дека вредноста на поединечните акции се ажурира на секои пет минути кога се отворени одредени берзи.

Ворен Бафет, Мајкл Блумберг, Карлос Слим Хену, Франсоа Бетенкур и Стив Балмер се меѓу првите десет најбогати луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП