6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали сегашниот тренд ќе биде доволен да го поткопа доларот и темелите...

Дали сегашниот тренд ќе биде доволен да го поткопа доларот и темелите на американската семоќност

Неверојатни вести пристигнуваат деновиве од секаде, од Париз, Бразил до Џакарта, а сите имаат иста порака – бизнисмените го напуштаат доларот.

Во исто време, финансиските трансакции се повеќе се свртуваат кон употреба на други валути, особено на кинескиот јуан. Ако до пред две-три години ваквата практика можеше да се види, но не многу често, пред сè, во напорите на Русија и Кина да ги користат своите домицилни валути за меѓусебна трговија, денес заобиколувањето на доларот е глобален феномен, каде дури и политичките пријатели на САД не одолеваат на новиот тренд.

Изненадување од Париз

Така, пред некој ден во Париз беше објавено дека француската национална нафтена компанија „Тотал“ на кинески клиент преку Шангајската берза продала 65.000 тони течен нафтен гас купен во Обединетите Арапски Емирати. Поентата е дека стоката се наплаќала во јуани.

Во сегашната светска групација во врска со војната во Источна Европа, Париз застана на страната на САД и активно и помага на Украина. Меѓутоа, кога станува збор за бизнисот, Французите секогаш кога е можно, внимаваат на сопствените интереси. И по цена да го налути постариот брат од другата страна на Атлантикот.

Не помина ниту еден ден, а од Џакарта соопштија дека членките на АСЕАН, десет земји од Југоисточна Азија со вкупно околу 700 милиони жители, ја разгледуваат можноста за користење локални валути во меѓусебната трговија. Притоа, тие не само што ја критикуваа политичката употреба на доларот како „резервна светска валута“, туку и тврдеа дека употребата на еврото, фунтата или јенот во овој момент би била премногу ризична.

Причината е истиот однос на Европската Унија, Велика Британија и Јапонија, издавачите на овие валути, кон политичкото (зло)употребување на парите како што покажуваат САД. Забележливо е дека кинескиот јуан не е класифициран во истата категорија, а регионот на Југоисточна Азија смета на негова почеста употреба.

Безгрижно печатење пари

Не поминаа ни 24 часа откако Рио де Жанеиро објави дека најголемата земја во Латинска Америка има намера од лето да користи се почесто домицилни валути. Заедно со аргентинците планираат да изградат и заедничка валута, прифатлива за другите јужноамерикански земји.

Заедничко за сите пораки, исклучително чести во последните месеци, е избегнувањето на доларот. По Втората светска војна, американската валута долго време одржуваше фиксен однос кон златото и врз основа на тоа се здоби со статус на светска резервна валута. Сепак, глобалната употреба на доларот растеше со висока стапка секоја година, така што денес, во секој момент, околу две третини од американската валута е надвор од САД.

Оваа позиција и овозможува на Белата куќа да печати пари во значителна мера без да предизвика инфлација дома. Исто така, лесно може да го надмине сопствениот буџет и да влезе во големи долгови. Поентата е дека честото глобално користење на доларот доведува до големо количество американска валута во касите на другите земји.

Со овие пари сите земји во светот купуваат американски државни записи, со чие издавање владата во Вашингтон ја добива сумата на пари со која трошокот на САД го надминува буџетот. Затоа, сите американски влади се задолжуваат лесно, иако јавниот долг на САД порасна од 7.500 милијарди пред две децении на 32.000 милијарди, што е околу 115 отсто од националниот БДП. Скоро колку и со презадолжената Грција.

Злато во девизните резерви

Доминантната употреба на доларот во светската трговија им овозможува на САД да ги контролираат светските финансиски текови, но и да воведат санкции за која било земја во светот независно, без туѓа одлука. Примерот со Иран во 2018 година е илустративен: Американците, гневни од амбициозните научни истражувања во Техеран, го раскинаа нуклеарниот договор и воведоа санкции кон оваа земја. Фактот што доларот се користеше во дури 93 отсто од надворешно-трговските аранжмани на Иран го олесни воведувањето на санкциите, а за помалку од шест месеци земјата беше целосно изолирана од трговијата со светот.

Денес геополитичките услови се максимално отежнати. Воведувањето тотални санкции против Русија и честото забранување на пристапот на Кина до најважните технолошки новини создадоа тензични односи меѓу двата блока. Грабежот на 300 милијарди евра руски девизни резерви ја илустрира моќта на оној што ја наметна својата валута како светска, а потоа ја злоупотреби својата доминантна позиција.

Поради оваа причина, Кина и Русија решија да се оддалечат од доларот. Ако ништо друго, тогаш дведецениското интензивно зголемување на учеството на златото во девизните резерви на двете земји, сето тоа на сметка на американските пари, покажува дека и Пекинг и Москва бегаат од доларот. Тие, исто така, градат свои системи за плаќање за да го избегнат SWIFT, во кој доминира американската валута.

Русија го зајакнува јуанот

За време на неодамнешната посета на кинескиот претседател Кси на Москва, Русија ја информираше светската јавност дека „во иднина, во деловното работење со земјите од Азија, Африка и Латинска Америка, ќе промовира плаќање во јуани“. Да биде појасно, Москва нема да инсистира на плаќање во рубли, може да биде и во јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП