16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција под очекуваното ниво

Инфлацијата во Турција под очекуваното ниво

Инфлацијата во Турција падна малку под очекуваното ниво во март, поттикната од повисоките цени на храната и угостителските услуги.

Годишната инфлација на потрошувачките цени во март изнесуваше 50,51 отсто, додека економистите анкетирани од Ројтерс предвидоа дека ќе биде 51,33 отсто, пишува Фајненшл тајмс.

Цените во угостителството пораснаа со најбрзо темпо досега, а хотелите, кафулињата и рестораните забележаа годишна инфлација од 70,73 отсто, покажуваат неодамна објавените податоци на Државниот завод за статистика. Инфлацијата во секторот цени на храната и безалкохолните пијалаци изнесува 67,89 отсто.

Минатиот месец, турската централна банка ја задржа својата референтна каматна стапка непроменета, откако беше намалена за 8,5 отсто во февруари за да ја поддржи економијата по разорните земјотреси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП