10 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААнтонела Басани стапува на должноста потпретседателка на Светска банка за регионот на...

Антонела Басани стапува на должноста потпретседателка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија

Антонела Басани (Antonella Bassani) е новата потпретседателка за регионот на Европа и Централна Азија (EЦA), и од денес ќе ги предводи стратешките, аналитички и истражувачки активности на Светска банка.

Г-ѓа Басани, Италијанка по националност, претходно била потпретседатлка при Светска банка за буџет, преглед на резултатите и стратешко планирање. Пред тоа, таа била на должноста директор за стратегија и операции во два региона на Светска банка (Блискиот Исток и Северна Африка, како и Источна Азија и Пацификот), каде што била одговорна за стратешко управување и поддршка на регионалните тимови во изработка на стратегии, оперативни активности, флексибилно и иновативно финансирање и истражувачка работа. Г-ѓа Басани, исто така, била директор задолжена за мобилизирање на ресурси и управувала со надополнување на средства за Меѓународната асоцијација за развој (ИДА), фонд на Банката наменет за најсиромашните.

„Особено ми е драго што се придружувам на регионот на Европа и Централна Азија“, рече г-ѓа Басани. „Ги препознавам големите предизвици со кои се соочуваат нашите земји-клиенти, од зелена транзиција до енергетската безбедност и безбедноста на храната, особено по КОВИД пандемијата и во време на Руската инвазија на Украина. Со нетрпение очекувам да работам заедно со нашите владини соработници, со развојните партнери и со персоналот на Групацијата Светска банка во решавање на овие прашања “.

Басани на оваа позиција носи 30-годишно искуство во развојни активности. Покрај Источна Азија и Пацифик и Блискиот Исток и Северна Африка, таа исто така работела во Супсахарска Африка и Латинска Америка и Карибите, комбинирајќи го оперативното знаења и финансиска стручност од целата институција. Пред да се приклучи на Банката, Басани работела за ОЕЦД во Париз. Докторирала меѓународна економија на Универзитетот Џон Хопкинс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар