20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на гас од Русија во ЕУ во март порасна за 4%

Извозот на гас од Русија во ЕУ во март порасна за 4%

Извозот на руски природен гас во земјите на ЕУ се зголеми за 4% во март на месечна основа, според пресметките на „Reuters“.

Од почетокот на 2023-та година рускиот гасен холдинг „Гаспром“ ги класифицира податоците за извозот, но сепак дава информации за дневните испораки преку Украина. За своите анализи, вклучително и волумените преку „Турски поток“, агенцијата се потпира и на информации од европската мрежа на оператори со гас – „Entso-G“.

Украина и Турција се последните два влеза за рускиот гас во Европа по исклучувањето на гасот преку гасоводот „Јамал“ и експлозиите на „Северен тек 1“.

Според пресметките на „Reuters“, Русија во март испорачала на ЕУ 2,18 милијарди кубни метри гас или во просек 70,3 милиони кубни метри дневно. Повеќе од половина од овие волумени поминаа низ Украина – 1,28 милијарди кубни метри, а останатите нешто над 900 милиони кубни метри преку „Турски поток“.

Податоците на „Reuters“ покажуваат дека од почетокот на годината „Газпром“ испорача околу 5,9 милијарди кубни метри гас за земјите од ЕУ. Во текот на 2022-ра година, Русија испорача околу 62 милијарди кубни метри гас на заедницата, што е драматичен пад од 155 милијарди кубни метри во 2021-ва година. Според најновите официјални податоци на „Газпром“, објавени на крајот на 2022-ра година, вкупниот извоз на гас е намален за 46% на нешто повеќе од 100 милијарди кубни метри.

ЕУ не воведе санкции за рускиот гасен сектор, земајќи ја предвид големата зависност на заедницата од рускиот гас, учеството на „Газпром“ во вкупниот увоз на гас во 2021-ва година беше околу 45%. Но, со указ на претседателот Владимир Путин, Русија побара плаќање на гасот во рубли, на што не се согласија неколку земји од заедницата, вклучително и Бугарија и Полска. Ова доведе до прекин на испораките за нив.

„Газпром“ значително ги ограничи и волумените на „Северен тек 1“, а на крајот на септември експлозии ги уништија цевките на овој проект на дното на Балтичкото Море.

На крајот, ЕУ најде алтернативни извори, течен природен гас, кој доаѓа главно од САД. Европските лидери преговараат и за повеќе испораки од Африка и други земји, кои ќе почнат да се материјализираат во наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП