25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата од Курдистан наскоро ќе се врати на нафтените пазари

Нафтата од Курдистан наскоро ќе се врати на нафтените пазари

Полуавтономниот регион Курдистан постигна договор со централната влада во Ирак за обновување на извозот на нафта во наредните денови, пишува „Bloomberg“.

Ограничените залихи во последните денови доведоа до нагло зголемување на цената на нафтата на пазарот.

Сега двете страни постигнаа пријателско разбирање преку терминалот во турскиот град Џејхан на Средоземното Море. Деталите од договорот сѐ уште не се јавни, додава агенцијата.

Турција го прекина извозот на нафта од Курдистан по одлука на арбитражниот суд. Причината е што извозот не бил договорен со Багдад. Секој ден низ турскиот терминал поминувале околу 400.000 барели нафта од покраината. Обновувањето на овие залихи ќе биде факт по одобрувањето на владината одлука од парламентот на земјата.

Компаниите кои произведуваат нафта во Курдистан го намалија производството од крајот на март.

Односите меѓу владата во Курдистан и централната влада во Ирак почнаа да се подобруваат со доаѓањето на власт на владата на чело со Мохамед Шија ал Судани во октомври 2022-ра година, пишува и „Bloomberg“. Арбитражниот случај за извоз на нафта го покрена претходната влада во Багдад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП